Мени

Почна новата учебна година

03.09.2012 07:05 | KumanovoNews

 Во училишните клупи денеска ќе седнат 11.500 основци и 6.700 средношколци.

Почна новата учебна година

 Бројката на ученици е иста како лани.Од година во година разликата е со 30 ученици. Има првачиња кои на училиште се запишуваат во последните денови од август. Има деца одат на гроздобер со семејствата и дури во септември тргнуваат на училиште. Таа појава е проблем, но не е масовна.  Ние до 15 септември изготвуваме статистички податоци за бројката на ученици и ги праќаме до Министерството за образование - вели Миле Стојменовиќ, раководител на сектор за образование во општина Куманово.

 Меѓу основните училишта со најголем број ученици е ОУ “Браќа Миладиновци“, а средното техничко училиште “Наце Буѓони“ запишува најмногу средношколци односно 2047 ученици.