Мени

Почнаа маките на граѓаните за вода

11.06.2012 08:04 | KumanovoNews

 Викендов, дел од Куманово повторно остана без вода. Граѓаните кои живејат во повисоките зони на градот, приградските населби и повеќекатниците во централното градско подрачје немаа доволен притисок на вода за основните животни потреби.

Почнаа маките на граѓаните за вода

 Директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски вели дека вода нема затоа што потрошувачката е зголемена поради високите температури, а не е пуштен во употребаа стариот вод или т.н. бај-пас, низ кој во летниот период се обезбедуваат дополнителни количини на вода, заради зголеменaта потрошувачка.

До Филтер станицата Водостопанство ни испорачува 180 литри во секунда вода, и уште 100 л/с добиваме од нашите бунари Бедиње и Проевце. На градот на вакви жештини му се потребни од 350 до 380 л/с. Доколку водостопанство го пушти бај-пасот ќе добиеме уште 100 л/с вода, со кои ќе се нормализираат водоснабдувањето- вели директорот Божиновски.

Од Водостопанство „Кумановско липковско-поле„, велат дека стариот цевковод не е пуштен во употреба затоа што е оштетен и се губат големи количини на вода. Ако го стават во функција за кратко време ќе се испразнат браните. Тие тврдат дека д ЈП „Водовод„ до нив не доставил барање за испорака на дополнителни количини на вода.

Жално е што граѓаните трпат поради лошото менаџирање на ЈП „Водовод„, но ние на оваа појава предупредивме уште пред два месеци и побаравме од нив да ги платат заостанатите долгови за да можеме да го поправиме цевководот. Тие го игнорираа нашето барање и сега додека не се поправи цевководот нема да се пушти водата.Ние ќе направиме се што е во наша можност граѓаните да добијат вода, но не на штета на претпријатието и на големите загуби на вода-вели директорот на Водостопанство Филип Филиповски.

За да се најде решение за новонастаната состојба со водоснабдувањето градоначалникот Зоран Дамјановски за денеска закажал состанок со директорите на двете претпријатија.

Проблемот со водоснабдувањето во Куманово се влече со години наназад, бидејќи раководставта на двете претпријатија од локалната и централната власт не можат де се договорат околу цената на водата и никако да потпишат договор за испорака на вода.