Почнаа обуките за управување со мотор
Двеста педесет средношколци од Куманово се пријавиле да полагаат за управување велосипеди со мотор во рамки на проектот "Безбедно управување со мопед".
Педесетина од нив во петокот ја поминале практичната обука за теоретско познавање на правилата, а останатите тоа ќе го сторат до крајот на неделата.
Од наредниот понеделник ќе започне и полагањето на тестовите, кое треба да заврши до крајот на март. Сите кои ќе положат ќе се здобијат со дозвола за управување на велосипед со мотор. Оние кои што ќе паднат ќе имаат можност да го повторат- вели Виолета Богдановска, началник во Оделението за превенција.
Овие обуки се во организација на полицијата од Куманово во заедничка соработка со Сообраќаен испитен центар. На учениците им е обезбедена бесплатна теоретска обука, која е во соработка со сообраќајните испитни центри, а исто така е намалена и цената за полагање на испитиоте на 410 денари.
Со овој прокет се опфатени учениците од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце на возраст од 14 до 16 години.