Мени

Почнува летото

21.06.2010 07:44 | KumanovoNews

 Денеска во 13 часот и 29 минути  на северната полутопка на Земјата започнува летото. Истовремено за жителите на јужната хемисфера почнува зимата.

Почнува летото

 Почетокот на летото е т.н. долгодневица односно денот е најдолг, а ноќта најкратка. Летото ќе трае до 22 септември.

Метеоролозите за првиот летен ден предвидуваат облачно време со врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде 12, а максималната 21 степен.