Почнува уписот на првачиња
Сите деца кои се родени во 2006 година, заклучно со 31 јануари 2007 година треба да се запишат во прво одделение.
Секој работен ден родителите со извод од матична книга на родените, потврда за примени вакцини и потврда за систематски преглед кај стоматолог можат да ги запишат своите деца во основно училиште. Тие треба да се обратат во педагошко-психолошките служби.
Уписот по правило треба да трае до крајот на мај, но повеќе запишувања на ученици има во јуни, јули, така што рокот се пролонгира и трае и во август. Можат во основните училишта да се запишат деца родени во Куманово и со адреса на живеење во Куманово. Секоја година има приближно ист број ученици. Бројката може да биде за плус или минус 30 до 50 ученици- вели Миле Стојменовиќ, раководител на сектор за образование во општина Куманово.
Во 16 основни училишта во градов годинава треба да се запишат 1 400 првачиња.