Почнува вакцинацијата против бруцелоза
25.05.2012 14:05
| KumanovoNews
До крајот на јуни ќе трае вакцинацијата на добитокот против бруцелоза. Ќе се зема крв за анализа по што ќе има точни бројки дали постои ризик за појава на оваа болест кај животните.
Планирано е да се вакцинираат 35.000 овци и 10.000 млади јагниња. Опфатени ќе бидат говедата и козите.
Десет екипи со по двајца ветеринарни техничари ќе одат на терен во кумановските села. Тие објаснуваат дека неконтролираната трговија со добиток е основна причина која доведува до појава на бруцелоза.
Бруцелозата е заразна болест која најзабележителна станува во мај и јуни. Акција за вакцинација се прави секоја година и е на терет на државата.