Мени

Почнува зимскиот распуст

31.12.2009 10:41 | KumanovoNews

 Учениците од основните и средни училишта од денеска до 19 јануари се на зимски распуст. Второтo полугодие од учебната 2009/2010 година ќе започне на 20 јануари.

Почнува зимскиот распуст

 И ова полугодие не мина без проблеми, бидејќи за некои одделенија се уште нема учебници. Од  Министерството за образование и наука објаснуваат дека учебниците за четврто и за седмо одделение, по предметите музичко, ликовно и физичко и за граѓанско образование,  доцнат зашто е потребен уште еден тендер кој законски не може да биде распишан во иста година со првиот. Министерот смета сека тоа сигурно ќе се одрази врз  квалитетот на наставата, и најави дека министерството ќе направи се во второто полугодие навремено да ги достави учебниците.