Почнуваат уписите во ученичкиот дом
07.06.2012 10:04
| KumanovoNews
Од 10 јуни до 2 јули во ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“ ќе траат уписите за средношколци за наредната учебна година.
За децата од поодалечените села државата го плаќа сместувањето. Право на бесплатно сместување имаат децата кои живеат во села кои се на повеќе од 20 км оддалеченост од Куманово и каде нема организиран превоз. Учениците треба да донесат копија од сведителство, уверение за државјанство, медицинска потврда од лекар, потврда дали родителот е вработен или не. Капацитетот на “Професор Мијалковиќ“ е 120 места.