Мени

Подароци и топол збор за старите лица во “Зафир Сајто“

22.11.2012 11:12 | KumanovoNews

Во рамки на одбележување на Недела за грижа на старите лица, волонтери од Црвен Крст денеска го посетија домот за стари лица “Зафир Сајто“.

Подароци и топол збор за старите лица во “Зафир Сајто“

Тие на штитениците во домот им однесоа скромни подароци и разговараа со нив.

- При посетата обично се дружиме со нив, да видат дека некој се грижи за нив, дека не се заборавени. Слушаме приказни од нивниот живот. Тие ни зборуваа каков бил животот во Куманово во нивната младост. Иако изгубиле некој, брачен другар, тие се среќни, бидејќи тука имаат друштвени игри, не се сами. Оваа година им донесовме подароци за кои знаеме дека тие ги сакаат. Да им покажеме не само оваа недела, туку општо дека се грижиме за нив - изјави Сашка Ивановска, волонтер во Црвен Крст Куманово.

Во домот “Зафир Сајто“ се сместени 173 стари луѓе.