Мени

Подароци за болните и раселени деца

30.12.2009 14:09 | KumanovoNews

Детското оделение во Општа болница Куманово и раселените лица сместени во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“, денеска ги посети градоначалникот Зоран Дамјановски и подели новогодишни подароци.

Подароци за болните и раселени деца

Претставници од општината секоја година не посетуваат и покажуваат внимание за болните деца. Ова е добар начин да се приближат до граѓаните и да ги согледаат проблемите на здравствената институција - велат од болницата.

Од таму најавија дека  наредната година Одделението ќе добие нови апарати неопходни за лекување на болните деца, а средствата ќе бидат обезбедени од Министерството за здравство, а дел од донации.

Раселените лица сместени во ученичкиот дом му се заблагодарија на градоначалникот за  посетата, но истоврено се пожалија дека 36 семејства сеуште живеат во колективните центри далеку од своите домови.

И.И.