Мени

Поединечно натпреварување во риболов

19.09.2012 12:50 | KumanovoNews

Во чест на државниот празник 11 Октомври, риболовците ќе организираат поединечно натпреварување во рамките на Првенството на град Куманово.

Поединечно натпреварување во риболов

Бидејќи водостојот на реките е многу мал и се оддржуваат на билошки минимум, локацијата каде ќе се рибари сеуште не е дефинирана.

Ова е локално натпреварување. Се размислува дали натпреварот да биде кај Ранковце или кај Гиновце, кривопаланечко. Можат да се пријават за учество сите наши членови од Спортско риболовно друштво “Пчиња“, рекреативни риболовци кои имаат спортски легитимации. Ќе има кадети, јуниори, сениори - рече Бране Димовски , претседател на Спортско риболовно друштво “Пчиња“.

На најдобрите риболовци ќе им бидат доделени пехари, медали и признанија.