Поединечно првенство во риболовство
08.10.2014 09:38
| KumanovoNews
Спортско рибловно друштво “Пчиња“ организира поединечно првенство во риболовство на езерото “Гого - Монт“.
Натпреварот ќе се одржи на 12 октомври а се очекува да учествуваат повеќе од 20 риболовци од Куманово.
“Ќе има натпреварување во категории сениори, јуниори и кадети. Право на учество имаат сите риболовци од Куманово кои поседуваат легитимација за риболов. Натпреварот е по повод празникот 11 октомври и ќе почне во 7 часот наутро“ - вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.
Најдобрите риболовци ќе бидат наградени со дипломи.