Поедноставена процедурата за аплицирање за субвенции
За разлика од претходните години кога земјоделците и сточарите мораа да поднесуваат фотокопии од повеќе документи, три барања за субвенции, имотен лист, сега процедурата е поедноставена.
Земјоделците треба да донесат имотен лист независно дали е нов, регистарски број на одгледувалиштето (РБО) за стока и лична карта.
Пред шест години постапката беше многу покомплицирана. Имотен лист тие носат за себе, за да ги знаат парцелите под број, колкава е површината, со која култура е засадена. Инаку во фармa регистарот во подрачната единица на Министерството за земјоделство има податоци и тие мрежно се поврзани со Платежна агенција и Ветеринарна станица и се може многу лесно да се провери - рече Живка Наумова, раководител на регионален центар на Агенција за поттикнување за развој на земјоделството.
Во Куманово и кумановско над 6.000 земјоделци поднесуваат барања за добивање субвенции.