Мени

Поетско читање во ОУ “11 Октомври“

09.10.2012 12:26 | KumanovoNews

 Во пресрет на државниот празник и патронатот на основното училиште “11 Октомври“, поетите од Друштвото на писатели Куманово организираа поетско читање пред учениците.

Поетско читање во ОУ “11 Октомври“

Гостувавме десет поети и сите прочитаа по една творба. Темите се различни, некој пишувал за природа, некој патриотска песна, некој љубовна, зависно од моменталната инспирација. Имаше и постари и помлади поети. Меѓу поетите има голем интерес за настап пред публика, за да се направи поетска средба. Морам да ги пофалам децата и нивните песни беа многу добри. Ние се договоривме и за идната година да направиме поетско читање во истото училиште. Беше убаво организирано, имаше ученици и професори од другите училишта во градот - изјави Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.

Поетското читање траеше еден час. Писателите планираат да ги посетат сите училишта во градот за да го популаризираат убавиот пишан збор меѓу младите.