Покачен водостојот на реката Пчиња
23.01.2015 15:24
| KumanovoNews
Зголемен е водостојот на реката Пчиња и постои ризик од нејзино излевање кај Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Нивото на реката е зголемено поради синоќешните врнежи, а се претпоставува и дека во соседна Србија се испушта вода од брана што придонело за зголемен водостој.
Известена е Дирекција за заштита и спасување дека водостојот на Пчиња е покачен и испратена е машина да го исчисти тој дел. Постои опасност да бидат поплавени ниви во селата Драгоманце, Коинце и Стрновац - велат од РЦУК.
Другите реки во кумановско се со стабилен водостој.