Показна вежба за прва помош на плоштад
На Градскиот плоштад денеска волонтери од Црвен Крст Куманово, изведоа показна вежба за укажување на прва помош во соработка со отсек за превенција од СВР Куманово.
Целта е да се подигне свеста на граѓаните за навремено и правилно укажување на прва помош, кога ќе се случи сообраќајна несреќа.
Особено треба да се обрне внимание на прилагодена брзина на движење, да не се вози под дејство на алкохол и секако возење на возила со соодветна техничка исправност. Апел до родители на возачи почетници и малолетни лица, да имаат поголемо влијание кон нив во однос на управување на соодветна кубикажа на возилата, да се внимава на законските прописи за возач почетник - изјави Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција во СВР Куманово.

Показната вежба се однесуваше за укажување на прва помош при отворена скршеница на подлактица.

Додека да пристигне првата помош, оној кој знае навистина добро прва помош треба да укаже. Доколку не знае подобро е воопшто да не пристапува, бидејќи може да биде и полошо - вели Сања Росевска, волонтер во Црвен Крст.
Полициските статистики покажуваат дека бројот на сообраќајни незгоди во Куманово се намалува.
