Мени

Полицајци даруваа крв

24.02.2012 11:50 | KumanovoNews

 Редовна крводарителска акција денеска се одржа во просториите на СВР Куманово.Во акцијата се вклучија вработените од кумановската полиција кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост.

Полицајци даруваа крв

"За само неколку часа беа дарувани близу 25 крвни единици, но до крајот на акцијата очекуваме бројката да достигне 40-тина дарувања.Ова е прва редовна крводарителска акција која ја организираме во тековна година"- вели Виолета Богдановска од СВР Куманово.

СВР Куманово,традиционално организира три крваодрителски акции во една година. Акциите се реализираат во соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.