Полицијата организираше шаховски турнир
Во основното училиште „11 Октомври“ денеска се одржа шаховски турнир, како дел од проектот “Безбедни училишта“, организиран од отсекот за превенција при СВР Куманово.
На турнирот учествуваа екипите од десет институции кои соработуваат во проектот и придонесуваат за поголема безбедност во градот.

Сакаме да упатиме порака од повозрасните до помладите, дека освен што се грижат за нивната безбедност, да им дадат поттик како можат преку спортски игри заедно да бидат, да се дружат и да комуницираат, а се со цел да имаме безбедна заедница - рече Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.
На турнирот се натпреваруваа претставници на полицијата, Црвен Крст, мото клуб „Мечки“ и дури.

Бевме поканети и се одзвавме на поканата. Ние сме просечни во шах. Играме шах рекреативно, Дојдовме да се дружиме, не ни е важно дали ќе победиме - кажа Јовица Гиновски од мото клуб „Мечки“.
Најдобрите три екипи добија дипломи, а на останатите учесници им беа врачени благодарници.
