Полицијата пошумуваше во Слупчане
Првите луѓе на СВР Куманово со останатите полицајци денеска пошумуваа во селото Слупчане.
Началникот Љубомир Ѓурчевски и раководителите на одделенијата одлучиле оваа година да се влучат во акцијата "Ден на дрвото - засади ја својата иднина„ во Општината Липково.
Раководниот кадар на СВР Куманово, дојде да пошумуваме во Слупчане. Во убав амбиент и во добро расположение, како што гледате и самите успешно ја извршуваме нашата граѓанска должност и помагаме овој регион да се озелени. Со омасовување на оваа акција за неколку години ќе се чувствуваат и благодетите од сегашниве активност - рече началникот Ѓурчевски.
Во Општината Липково оваа година за пошумување беше одредена локацијата над складот на Макпеторол, а учество зедоа учениците, АРМ и локалните жители.