Полициски инспектор останал без договор за работа
01.02.2015 11:50
| KumanovoNews
На Т.И. инспектор за општ криминалитет во Отсек за општ криминалитет СВР Куманово, изречена му е мерка откажување на договорот за вработување, затоа што не ги почитувал наредбите добиени од претпоставените.
На Г.С. полицаец во Полициска станица ОН Крива Паланка СВР Куманово, изречена му е мерка запирање на постапката. Во текот на минатата недела донесени се 36 решенија против полициски службеници, од кои 26 се писмено предупредени. Најголем дел од предупредените полицајци се од СВР Штип.