Помош за мали фармери одгледувачи на пченица
01.09.2014 11:41
| KumanovoNews
Дополнителни 3.000 денари за хектар или еден денар за килограм пченица ќе добијат земјоделците кои обработуваат до 10 хектари површина.
Финансиската помош се воведува за да им се помогне на малите фармери кои имаат најголеми прoизводни трошоци, но и за да се постигне повисока откупна цена до 12 денари за килограм, соопштуваат од Министерството за земјоделство. Се очекува оваа мерка да ги опфати 90 отсто од производителите на лебно жито.