Понеделник неработен
06.10.2010 08:30
| KumanovoNews
11 Октомври, Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 11.10.2010 година (понеделник), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.