Поради мигрантите зголемена безбедноста на северната граница
22.06.2015 13:21
| KumanovoNews
Поради големиот број мигранти кои транзитираат низ земјава, засилени се патролите на граничната полиција во реонот „Север“ на македонско-српската граница.
Зголемени се и мерките на безбедност за да се спречи напливот на непријавени илегални минувања на бегалци кои од Грција, преку Македонија заминуваат во Србија, а посакувана дестинација им се земјите од Европската унија. Статистиките на невладините организации покажуваат дека над 10.000 мигранти веќе поминале низ Македонија, а илјадници се очекува да го сторат истото на пат кон Западна Европа.