Мени

Повеќе пожари во Куманово и Старо Нагоричане

31.08.2015 08:24 | KumanovoNews

Во текот на изминатите 24 часа во општините Куманово и Старо Нагоричане имало повеќе пожари со заплена сува трева, стрништа и смет.

Повеќе пожари во Куманово и Старо Нагоричане

Територијалната противпожарна единица Куманово бележи интервенција на локалитетот Багрем бања во населбата Перо Чичо, на опожарена сува трева и смет.  Интервенирано е со 1 возило и 3 пожарникари од 10.45  до 12.15 часот.

Во атарот на село  Романовце интервенирано е од 13.35 до 14.30 часот со 1 возило и 3 пожарникари на опожарено стрниште и сува трева.

Во 13.40 часот, интервенирано е и на улица  “Моша Пијаде“ на опожарен смет каде била зафатена и бандера. Огнот е изгаснат со 1 возило и 2 пожарникари во 14.10 часот.

Во близина на село  Ропаљце интервенирано е на опожарена сува трева и стрниште од 16.25 до  18.45  часот ,  со 1  возило и 3 пожарникари.

Во атарот на село Черкезе  е интервенирано исто така на опожарена сува трева и стрниште  од 17.40 до 18.25 часот,  со 1 возило и 2 пожарникари,

Во општина Старо Нагоричане вчера имало два пожари, при што во село Челопек со 1 возило и 3 пожарникари е изгаснат запален овоштарник и  слама од 11.30 до 13.30 часот.

Во селото Младо Нагоричане кај Света Петка, горела сува трева која ТППЕ Старо Нагоричане со 1 возило и 3 пожарникари ја изгасило во период од 14 до 16.30 часот.