Мени

Повеќето кумановци ги замениле старите возачки дозволи

01.09.2012 14:46 | KumanovoNews

 Над 50.000 возачи од Куманово ги замениле старите возачки дозволи со нови. Кумановци се покажале како многу ажурни и мал дел од возачите оставиле во наредниот месец да ја исполнат својата обврска, велат од службата за управни работи.

Повеќето кумановци ги замениле старите возачки дозволи

 Повеќето граѓани веќе ги заменија возачките. Да претпоставиме дека има околу 60.000 возачи во градот, дел од нив треба да сметаме дека се иселиле, а дел починале. Значи мал дел од нив треба да аплицираат за замена на дозволата и нема многу метеж во нашите простории. Повеќето возачи ги предале потребните документи и сега чекаат да ги добијат возачките дозволи - вели Драган Ангеловиќ, раководител на Оддел за управни работи во СВР Куманово.

Со биометриски возачки дозволи возачите имаат одредени предности при патување во странство. На замена на старите лични документи со нови биометриски се работи последниве четири години.