Мени

Повеќето субвенции исплатени

13.07.2012 13:21 | KumanovoNews

 Во кумановскиот регион 90 насто од субвенциите се исплатени. Останатите 10 проценти наскоро треба да бидат исплатени и малку ќе доцнат бидејќи при поднесување на барањата е направена техничка грешка или документацијата не е комплетирана.

Повеќето субвенции исплатени

Им стигаат образложенија на подносителите каде е грешката. Имаат 8 дена рок да направат исправка. Може се случило некој документ да се изгуби или да не биде поднесен воопшто. Има земја кој не е поделена и во имотен лист гласи на име на тројца луѓе, така што сите ќе имаат право на една третина од секоја парцела. Луѓето може меѓу себе си направиле спогодба кој која нива ќе ја работи, но тоа така не оди. Сите ќе добијат субвенции, нема да бидат изоставени - објаснува Стојко Ивановски, секретар на Здружение на земјоделски производители Куманово.

Во кумановско има 8.000 земјоделци кои се занимаваат со растително производство и субвенциите за оваа гранка се најбројни. Ивановски вели дека се повеќе земјоделци го искористуваат правото на субвенции и ја префрлаат земјата на свое име за да можат да аплицираат.