Повредени дете и старец
19.06.2012 08:17
| KumanovoNews
Низ градот утринава постојано се слушаа сирени на возила од Брзата помош. До 10 часот екипите имале пет интервенции. Два повика биле за несреќи.
Едно дете при пад добило повреди на главата, а на сличен начин се повредил и постар човек. Останатите три интервенции се за хронично болни луѓе. Обично се јавуваат оние со висок крвен притисок - велат од брза помош.
Повредените се пренесени во кумановската болница каде се задржани на лекување.
Од Брза помош велат дека со покачување на температурите ќе имаат многу повеќе работа од вообичаено. Затоа апелираат да не се излегува без потреби на жештината.