Повторно се забранува работa на отворено
Од Министерството за труд и социјална политика за денеска и утре препорачуваат посебни мерки за заштита, бидејќи според температурите Македонија се наоѓа во портокалова фаза.
Работниците треба да избегнуваат работа на отворено од 11 до 17 часот кога е најтопло. Работните простории треба да се климатизирани, а работниот процес да се организира во две смени. Работодавците треба да обезбедат почести паузи во текот на денот.
Децата во градинките надвор можат да излегуваат до 10 часот. Старите лица сместени во домовите треба да конзумираат лесна храна и да внесуваат течности. Црвениот крст и Центрите за социјални работи ќе соработуваат за заштита на бездомниците на овие високи температури. Засилени контроли на терен ќе врши Трудовата инспекција.