Мени

Пожари на Никуљски пат и во Шупли Камен

27.08.2015 08:29 | KumanovoNews

На Никуљски пат вчера гореше стрниште, а во селото Шупли Камен гореа лозја и сува трева, стои во извештајот од Регионален центар за управување со кризи.

Пожари на Никуљски пат и во Шупли Камен

Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше во населба Карпош на Никуљски пат,  на  запалено стрниште во периодот од 7.15 до 9.10 часот. Пожарот го локализирале со 1 возило и 3 пожарникари­.

­Втората интервенција е на опожарена сува трева и напуштени стари лозја во атарот на Шупли Камен во 13.20 часот. Пожарот во 2.40 часот по полноќ е изгаснат со 3 возила и 10 пожарникари, а во пожарот беше оштетен покрив од викендичка.