Мени

Познати добитниците на Ноемвриската награда во Старо Нагоричане

09.11.2012 13:00 | KumanovoNews

  Општината Старо Нагоричане ги објави имињата на поединци и фирми, кои годинава ја добија Ноемвриската награда.

Познати добитниците на Ноемвриската награда во Старо Нагоричане

Добитници на Ноемвриска награда се: во категоријата најдобар земјоделец Миле Јовановски од с.Младо Нагоричане, за најдобар сточар Ивица Димковски од с.Бајловце, за најуспешна фирма е ПТДУ „КОЛДИ“ дооел комплекс „ЕТНО СЕЛО“ од Младо Нагоричане, најдобро уреден двор е Оливер Стојилковски од с.Стрезовце, најуспешно Здружение на граѓани е ФК „Зебарњак“ од с.Младо Нагоричане, најдобар спортист Стефан Петрушевски од Младо Нагоричане и најдобар просветен работник Сузана Младеновска, професор по математика и физика во ООУ „Христијан Карпош“ с.Младо Нагоричане.

Наградите ќе бидат врачени утре во 12 часот на Свечената седница што ќе се одржи во Општината Старо Нагоричане.

Градоначалникот Миодраг Јовановиќ во името на локалната самоуправа Старо Нагоричане, на сите жители на Старо Нагоричани и на Куманово им го честите Денот на ослободувањето.