Предавања за земјоделците во Стрезовце и Младо Нагоричане
17.10.2012 11:17
| KumanovoNews
Утре вработени од Регионалниот центар на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството ќе оддржат предавање во две села.
Во 16 часот предавање ќе има во село Стрезовце, а во 18 часот ќе почне предавањето за земјоделците од Младо Нагоричане. Овие луѓе ќе се информираат како да ги легализираат земјоделските објекти, како да добијат средства во ИПАРД фондовите, на кој начин можат да се регистрираат, како правилно да ги искористат ѓубривата и други теми.
Предавањата се договараат во соработка со месните заедници во селата.