Предавање за органско производство во Куманово
27.05.2015 09:24
| KumanovoNews
На салата во комитет утре ќе се одржи предавање за органско производство, во организација на Агробиоцер.
Предавачите ќе бидат од Скопје, а на предавањето ќе присуствуваат земјоделци, сточари, пчелари, професори од Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ и други. Присутните ќе се запознаат општо со органското производство. Почетокот е закажан за 10 часот.