Мени

Предавање „Запознај го своето школско другарче“

07.04.2015 15:19 | KumanovoNews

Во основното училиште „11 Октомври“ денеска се одржа предавање на тема „Запознај го своето школско другарче“.

Предавање „Запознај го своето школско другарче“

Предавањето го организираа членовите на “Ротаракт“, со цел да се надминат разликите меѓу децата од македонска и ромска националност кои се образуваат во ова училиште.

Предавањето е за Македонци и Роми за да се покаже дека бојата на кожата и јазикот не ги прават различни. Ќе ги запознаеме со историјата на Ромите, расизмот, антирасизмот, стереотипите. Ќе покажеме дека правење било каква разлика меѓу нив не е добра. Ова ни е прво едукативно предавање, но се планираат и други предавања понатаму - рече Андреа Божиновиќ, член на „Ротаракт“.

Се планира истото предавање да се одржи и во други училишта во Куманово.