Мени

Премиера на “Колку чини промената“

15.05.2012 12:34 | KumanovoNews

“Колку чини промената“ е нова претстава што ја подготвија матурантите од гимназија “Гоце Делчев“.

Премиера на “Колку чини промената“

Во оваа сатирична комедија учествуваат дваесетина актери средношколци, а режисер е Мартин Захариев. Текстот на претставата учениците сами го напишале. Главниот лик е адолесцент и преку него е прикажана состојбата на младиот човек кој бара излез во општетсвото.

Премиерата е утревечер во 20 часот во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“. По 20 мај се очекува нова изведба на оваа трета по ред и завршна претстава на матурантите. Тие се во преговори со општината да им се овозможи учество на театарскиот фестивал „Даф„ во Кочани. Можно е да се реализира гостување во Струмица, бидејќи овие ученици лани имале соработка со струмичките училишта.

Претставата е подготвувана со менторот Соња Тодоровска, професор по драма во кумановската гимназија.