Мени

Препорака за граѓаните, да ги избегнуваат високите температури

17.08.2010 11:58 | KumanovoNews

За тропските горештини кои деновиве го зафатија регионот, лекарите со предупредување до граѓаните, да не излегуваат во најжешкиот период помеѓу 10 до 17 часот, да избегнуваат тешки физички активности, а неопходните работи да ги завршуваат рано наутро и доцна попладне.

Препорака за граѓаните, да ги избегнуваат високите температури

 Пожелно е да носат светла и лесна облека, да консумираат помало количество на храна избегнувајќи притоа тешка и масна храна, како и храна која содржи големо количество на шеќери. Исто така препорачливо е да внесуваат многу течности почнувајќи пред се од обичната вода, минерална вода и безалкохолни пијалоци.

-Значително е зголемен  бројот на пациентите со висок крвен притисок, стенокардични болки, отежнато дишење и други хронични болни, а поради високата температура бараат помош и луѓе кои се жалат на труење со храна, дијареа и повраќање како и алергиски реакции предизвикани од каснување на инсекти - рече д-р Гордана Тотеска од Поликлиниката Карпош.

На хроничните болни д-р Тотеска им препорача да бидат дисциплинирани и редовно да ја земаат својата терапија, а за сите промени задолжително да го консултираат  матичниот лекар.