Претплатнички карти за натпреварите на КК Куманово
Од вчера започна продажбата на претплатичките билети за натпреварите\n на кошаркарскиот клуб Куманово. Билетите се за партер места за седење и\n сите се нумерирани.
Картите се за 20 натпревари во нашето првенство, Супер лигата, Библ лигата и плус четири гратис карти доколку играме некој пријателски натпревар. Цената е 800 денари и ако се смета поединечно една карта излегува по 35-40 денари. Тоа се симболични сретства, а сите љубители на кошарката со претплатничката карта ќе си обезбедат место за сите натпревари кои Куманово ќе ги игра оваа година,- вели Бане Јовановски, претседател на КК Куманово.
Во продажба се пуштени 600 карти и ова е првпат еден спортски клуб да продава карти со нумерирани седишта.
Раководството на клубот се одлучи на овој чекор, бидејќи сметаме дека сите сериозни клубови функционираат на овој начин. Се обезбедува сигурно место на трибините и нема турканици при продажба на билетите. Секој што ќе купи претплатничка карта ќе биде запишан како пријател на клубот и кога ќе има натпревари надвор од редовните, ќе имаат предност. Со овој потег настојуваме да ја подобриме финасиската состојба во клубот и да обезбедиме сигурни сретства за тековните трошоци, - смета Јавановски.
Интересот за претплатничките билети засега е голем, но од управата ги повикуваат љубителите на кошарката да дојдат во уште поголем број.