Претставата „Грдиот“ повторно на репертоар во театарот
09.04.2015 09:16
| KumanovoNews
Претставата „Грдиот“ во режија на Дејана Николовска вечерва во 20 часот, ќе игра во театар Куманово.
Оваа претстава е работена по текст на Мариус Фон Мајенбург, а во неа играат Александар Микиќ, Александра Пешевска, Оливер Митковски и Марко Трајковиќ.
Премиерата беше лани во декември, а претставата повторно е вратена на репертоар. Еден четврток во месецот студентите имаат бесплатен влез во театар, што значи дека вечерва само со покажување на индекс студентите ќе можат да уживаат во претставата „Грдиот“.