Превентивни лекарски прегледи на граѓаните
22.03.2012 12:07
| KumanovoNews
Екипа од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Куманово, утринава во Соколанскиот парк вршеа превентивни прегледи на граѓаните.
Се мерат вкупните масти на холестерилот и гликемијата, однсоно шекерот во крвта. Оваа акција е прва во овој квартал, меѓутоа наредната акција е планирана за 7 април на Градскиот плошта. Тогаш ќе бидат опфатени поголем број на граѓани и акцијата ќе трае подолго време- вели др. Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје.
Освен мерењата на шекерот и маснотија во крвта, на граѓаните им се вршеше и лекарски пегледи, и им се даваа совети за исхраната и превенција во однос на кардио-васкуларните заболувања.