Превентивни прегледи на Градскиот плоштад
06.04.2012 10:06
| KumanovoNews
По повод Светскиот ден на здравјето, 7-ми Април, Центарот за јавно здравје и Здравствен дом Куманово, организираат бесплатни мерења на гликемија (шеќер), холестерол во крвта и крвен притисок.
Превентивната проверка на здравствената состојба на граѓаните ќе се врши на Градскиот плоштад од 9 часот.
Општата болница Куманово и Министерството за здравство, утре организираат акција за мерење на очен притисок. И оваа акција ќе се одржи на Градскиот плоштад од 9 до 12 часот.