Презентација на проект во ОУ“Магдалена Антова“
14.05.2012 12:02
| KumanovoNews
Утре во ОУ “Магдалена Антова“ ќе се организира презентација на проект насловен како “Млади преку спорт и екологија до меѓуетничко разбирање и оддржлив развој во Македонија“.
Настанот го организираат граѓанска асоцијација ГАРД од Скопје, Спортска Унија на Словенија и волонтер од Гимназија “Гоце Делчев“ од Куманово од трета година. Акцентот ќе биде ставен на мултиетничноста. Поканети се деца од повеќе националности. Околу пладне ќе има спортски игри кои ќе траат еден час.