Мени

Прием за гостите од збратимените градови

11.11.2010 16:00 | KumanovoNews

Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска организираше прием за делегациите на збратимените градови кои пристигнаа за одбележување на Денот на градот. При тоа им се заблагодари за укажаната чест и подршка и им врачи подароци од градот.

Прием за гостите од збратимените градови

На приемот присуствуваа делегациите од Бјељина, Бања Лука, Марибор, Љубљана, Нови Сад, Чукарица Белград, Сараево, Крагуевац, Чорла, Кампина и други.

Куманово е богат град затоа што има току многу искрени пријатели. Вашето доаѓање на најзначајниот датум во историјата на нашиот град само покажува  колку не кои ја почитуваат нашата култура и традиција.

Градоначалниците и претставниците на делегациите не го криеа своето одушевување од топлиот прием во Општината.

Ја сум за прв пат во Куманово, а за првпат за жал и во Македонија. Многу сум инпресионирана од вашата земја и луѓето. Има мнгу сличности помеѓу Босанците и Македонците, многу се срдечни и морам да призам дека се чувствував како дома. Оваа прилика ја користам да ви го честитам парзникот и се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму - изјави Татјана Љујиќ - Мијатовиќ, потпредсетател на градоначалникот на Сараево.

Градоначалникот на Бјељина Миќо Мичиќ, е голем пријател на градот. Тој вели дека секогаш со задоволсто доаѓа тука бидејќи двата града интензивно соработуваат во поселдните неколку години.

Јас сум горд на Куманово, затоа што тоа денеска е Југославија во мало, има претставници од скоро сите поранешни републики. Тоа зборува колку Куманово е отворен, мултиетнички град во кој владеат демократските процеси и се почитуваат човековите права. Слична е и Бјељина и затоа ние наоѓаме заедничка соработка и дужења - смета Мичиќ.