Мени

Пријава за поседување на оружје

20.12.2009 23:00 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против З.А.(60) од Куманово за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и други распрскувачки материи“ и против Б.М.(28) за „помагање на сторител во извршено кривично дело“.

Пријава за поседување на оружје

Минатата недела на ул. „Огњен Прица“, по наредба на истражен судија, извршен е претрес во домот на З.А. каде е пронајден пиштол „валтер ППК“ кал.7,65 мм, две рамки и 12 куршуми, што ги поседувал без одобрение, а во моментот Б.М. со цел да го прикрие делото, го сокрил пиштолот во џебот.