Прилепчани најдобри на риболовниот куп
05.11.2012 11:06
| KumanovoNews
На Меѓународниот риболовен куп “11 Ноември 2012“ екипнo најдобри беа риболовците од клубот “Пец - Пец“ од Прилеп.
Имаше јака конкуренција, 16 клубови меѓу кои и нашите драги гости риболовци од Врање и Ниш. Ние како домаќини им попуштивме на другите и нашиот пласман не беше важен. На второ место екипно е “Крап“ од Радовиш, а трети се “Најс“ од Ниш. Уловот не беше многу голем, но беше доволен за пласман - рече Бранислав Димовски, претседател на Спортско рекреативен клуб“Пчиња“.
Се рибареше не езерото Гогомон, кривопаланечко, а наградите, признанијата на најдобрите вчера им беа врачени во ресторан “Грација“ во населба Карпош.