Притвор за членовите на вооружената група
11.05.2015 14:44
| KumanovoNews
Основниот суд Скопје 1 им одреди притвор во време траење од 30 дена на сите осомничени терористи, кои полицијата ги приведе по завршената акција во населбата Тоде Мендол.
Според извори од Судот, станува збор за лица од Косово и Македонија, кои влегле во РМ по илегален пат. Тие се товарат за неколку кривични дела: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, здружување заради непријателска дејност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали.
Телата на загинатите по наредба на Осново Јавно Обвинителство ќе бидат предадени на обдукција.