Притворен дилер на марихуана
20.04.2012 09:35
| KumanovoNews
Над 110 грама марихуана пронашла полицијата кај Д.М.(24) од Куманово.
По предходни сознанија, Д.М. завчера бил запрен на ул. „Кочо Рацин„ и при претрес во џебовите му нашле 7 паковки марихуана.
По наредба на истражен судија извршен е претрес во неговата куќа, каде се откриени уште 95 фолијни паковки марихуана. По извршеното вештачење на дрогата утврдена е точната количина од 110,33 грама.
На Д.М. истражен судија од кумановскиот суд му одредил притвот во траење од 30 дена, под соменение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање на наркотични дроги.