Проблемот со вода на седница на Влада
24.02.2012 16:18
| KumanovoNews
Директорите на двете водоснабдителни претпријатија денеска во Комисијата за економски систем ги изнеле проблемите со кои се соочуваат при испораката на вода.
За проблемот со водоснабдувањето на Куманово се заинтересира и Владата. Директорите на Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ Филип Филиповски и на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски денеска во Комисијата за економски систем информирале за состојбата на терен и ги изнеле проблемите со кои се соочуваат при испораката на вода. На средбата присуствувале министерот за животна средина, Абдилаќим Адеми и заменик министерот Зоран Коњановски.
По информацијата, во комисијата ќе изготват заклучоци и предлог-решение со мерки, кои ќе се разгледуваат на една од наредните седници на Влада.