Мени

Продолжува проектот “Безбедни училишта“

11.09.2014 08:06 | KumanovoNews

Во основните и средните училишта во Куманово продолжува проектот “Безбедни училишта“.

Продолжува проектот “Безбедни училишта“

 Ова година ќе се сумираат резултатите од лани,  проектот ќе се збогати со нови идеи, ќе се формираат училишни тимови за безбедност и ќе се одржат неколку работилници и ќе се доделат благодарници на учесниците.

“Најдоцна до 15 октомври би требало да се одржат најмалку четири работилници на наше подрачје. За училишните тимови за безбедност темата е “Колку безбедноста во училишната средина влијае на квалитетот на наставата“. И со родителите за улогата и влијанието на родителите во создавањето на безбедна училишна заедница. Ќе биде проследено со соодветна заедничка практична активност “Игри без граници“, преку која што родителите ќе им дадат поддршка на учениците и апел на другите родители за важноста на родителот за безбедноста на децата, правилен раст и развој и насочување во животот“ - изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција во СВР Куманово.

Ќе биде распишан и конкурс на кој учениците ќе дадат идеи за изработка на постери и календари на тема безбедност. За најдобрите предлози ќе следуваат и награди.

Проектот “Безбедни училишта“ го реализира отсек за превенција при СВР Куманово во соработка со локалните самоуправи и со поддршка од Мисија на ОБСЕ.