Мени

Продолжува проектот „Спорт да - дрога не“ во Куманово

08.10.2010 22:37 | KumanovoNews

Оддлението за превенција при СВР-Куманово продолжува со активностите во основните и средни училишта во рамките на проектот „Спорт да-дрога не“.

Продолжува проектот „Спорт да - дрога не“ во Куманово

.Полицијата и локалната самоупрва, денеска одржаа состанок со советодавните групи од средните училишта во Општината на која беа информирани за настаните кои ќе следат во учебата 2010-2011 година. Воедно на професорите по физичко образование им беа поделени флаери со натипис „Кажи не на дрогата“ кои ќе бидат поделени на училиштата и залепени на видни јавни места.

И оваа година по училиштата организираме едукативни предавања за штетните последици од дрогата како превентивна мерка.Истотка ќе се реализираат спортски турнири во мал фудбал за машки и кошарка и ракомет за женски, каде учество ќе земат ученици од сите Општини на подрачјето на СВР-Куманово-изјави Виолета Богдановска , началник на оддлението за превенција при СВР-Куманово.

Полицијата со училиштата го реализира и проектот за спречување на трговијата со деца. Оддлението за превенција ќе одржи едукативни работилнци на оваа тема со учениците од пето до осмо оддление.