Мени

Продолжува програмата на Кумановско културно лето

18.08.2010 14:41 | KumanovoNews

Кумановското културно лето по мало затишје, деновиве повторно се актуелизира со содржините кои се предвидени да се реализираат во наредните денови.

Продолжува програмата на Кумановско културно лето

Иако во Куманово не се случуваше ништо посебно на културен план и две претстави беа одложени, сепак според планот и програмата за „Kумановското културно лето 2010“, културно уметничкото друштво „Панче Пешев“ десетина дена гостуваше во Истарската жупанија во Хрватска каде што ја промовираше Македонската и кумановската култура. Во тек се и две ликовни колонии, едната се вика „Куманово 2010“ и се одржува во Пелинце, додека другата започна завчера наречена „Македонски икони“ во организација на друштвото на коледарите кои се дел од програмските содржини на кумановското кулртурно лето за годинава - рече Жика Крствески, раководител на секторот за култура, образование и спорт.

Во наредниот период најавуваат богати содржини кои ќе допринесат за разубавување на предстојниот викендот.