Проевце и Черкезе денеска без вода за пиење
04.09.2012 07:46
| KumanovoNews
Високите зони од населба Проевце утринава се без вода за пиење. Вода немаат и жителите на кумановското село Черкезе.
Прекини во снабдувањето со вода се регистрирани на четири улици и тоа “Боро Прцан“, “Благој Илиев - Гуне“, “Тоде Думба“ во населба Гоце Делчев и “Ѓуро Пуцар - Стари“ во населбата Перо Чичо. Во најкус можен рок вработени од ЈП“Воводов“ ќе ги санираат дефектите во водоводната мрежа. Стабилизирање на водоснабдувањето на споменатите улици се очекува за неколку часа.